Ѓоко Дичоски сними спот за песната “Чекај чекај, Мајко стара”

Ѓоко Дичоски ја оживува песната “Чекај чекај, Мајко стара” која пред 20 години била изведена на Гоце Фест. За оваа песна деновиве беше снимен и спот во соработка со ИН Продукција.

Ѓоко Дичоски сними спот за песната “Чекај чекај, Мајко стара”. Како што открива Дичоско во интервју за ИН ТВ, станува збор за песна која што е стара 20 години, а е отпеана од еминентен пејач на фестивалот Гоце Фест. Откако ја слушнал песната во домот на композиторот на песната, маестро Гоце Џуклески, секако и со дозвола на пејачот, одлучиле повторно да ја снимат и оживеат оваа песна со нов и помодерен аранжман.

Снимањето на видеото се одвиваше во селото Велмеј во Општина Дебрца, а дел се снимаше и во студиото на ИН Продукција.

-Одлично помина снимањето во една прекрасна атмосфера. Овојпат одлучив видеото да го снимиме во родниот крај на моите родители во Велмеј, Дебрца и таму во домот на моите родители. Така да, беше многу интересно, но и емотивно за мене. Јас сум презадоволен од снимањето и од соработката со ИН ТВ, па се надевам дека песната ќе ја прифатат и ќе стане хит. Навистина е убава песна, баш права Македонска со многу добар текст, добра музика, аранжман.-истакна Дичоски за естрадниот магазин Естрада плус.

Музиката за песната “Чекај чекај, Мајко стара” е дело на Гоце Џуклески, текстот го напиша Орце Зафировски, а аранжманот е на Сашо Ливрински.

-Идејата беше оваа песна да добие нов аранжман, да ја направиме во ново руво и испадна многу интересна. Мислам дека песната е како родена за него, за неговиот живот. Тој сепак на некој начин е печалбар, одреден период престојува во Канада, па се враќа тука во Охрид. Во текстот се пее како синот доаѓа во родната земја Македонија, да ја посети својата мајка и така.-вели Гоце во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Ѓоко Дичоски веќе долги години живее во Канада, но никогаш не ја заборава својата родна земја. Тој доста често се враќа во Македонија и ужива во сето она со што располага нашата држава и преубавиот Охрид.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*