Христијан Стојоски има нова песна насловена “Ноќва пеам за тебе”

Христијан Стојоски ја промовираше неговата најнова песна со наслов “Ноќва пеам за тебе”. Песната е негово авторско дело, а за подготовка на истата како што вели во интервјуто за ИН ТВ му биле потребни два до три месеци.

Младиот и доста талентиран пејач Христијан Стојоски, има нова песна. И овојпат песната е негово комплетно авторско дело, односно Христијан се потпишува зад текстот, музиката и аранжманот. Тој одлучи песната “Ноќва пеам за тебе” премиерно да ја претстави на Новогодишното шоу на Австралиската ИН Телевизија.

-Исто како и претходните мои песни и оваа песна е мое комплетно дело. Кога дојдов во студиото на ИН Продукција сеуште немав смислено наслов за песната, тука спонтано нешто ми текна и заедно со екипата на ИН ТВ го одбравме насловот. Песната ја подготвував отприлика два или три месеци, не брзав бидејќи таква е и ситуацијата, немавме многу можности и испадна многу добро според мене. Сепак, ќе оставам на гледачите да го кажат последниот збор.-изјави Стојоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, станува збор за доста убава песна во брз и весел ритам во која што Христијан вложил доста време и труд. Тој се надева дека “Ноќва пеам за тебе” ќе биде добро прифатена од јавноста.

-Се надевам дека ќе си најде свое место и време кога ќе биде прифатена. Мора најпрво да се слушне убаво, лесна е за уво, за слушање. Се надевам дека истото ќе го мислат и гледачите. Јас правам песни што може секој да ги слуша и помладата и повозрасната публика, така да, ќе оставиме на нив да кажат.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Христијан Стојоски важи за доста баран музичар на семејните прослави најчесто во Охридско-Струшкиот регион. Покрај тоа што убаво пее, умее да свири и на клавијатури, што е доволен показател дека на овој млад пејач му претстои одлична музичка кариера.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*