Раста ќе ја тужи Република Србија

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста ќе поднесе тужба против Србија бидејќи е во притвор 83 дена поради наводна продажба на наркотици.

Тој смета дека е незаконски притворен и дека го држат предолго, пишуваат српските медиуми. Оваа информација ја потврди и адвокатот на Раста, Урош Милосављевиќ.

Тој е убеден дека раперот е во притвор толку долго само затоа што е јавна личност.

„Стефан е незаконски во притвор. На него не му е местото таму. Обвинителството тврди дека тој продавал дрога, а ние велиме дека станува збор за мала количина која ја користел за свои цели. Не постои доказ дека продавал дрога, а тие поради тоа го чуваат во притвор. Седи во ќелија само затоа што е јавна личност и се испрати порака до луѓето дека нема привилигирани лица“, додал адвокатот.

Според него, Раста и неговата поранешна сопруга, Ана Николиќ, се договориле на нивната ќерка Тара да не ѝ кажуваат дека тој е во притвор, туку дека е на турнеја во странство. Адвокатот тврди и дека целиот процес за судењето на Раста е ставен во втор план заради короната, односно судовите работат многу помалку послениве месеци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*