Аријана Гранде се вери по вторпат

Американската пејачка Аријана Гранде ја објави својата свршувачка со Долтон Гомез, агентот за луксузни недвижнини, на Инстаграм, пренесува магазинот „Вог“.

„Засекогаш и ……“, напишала пејачката на Инстаграм под фотографиите со Гомез и вереничкиот прстен. Веста доаѓа помалку од една година откако двајцата беа видени заедно во февруари, иако никогаш не откриле колку време се заедно.

Долтон Гомез и Аријана Гранде деновите на карантин поради коронавирусот ги минувале заедно во куќа во Лос Анџелес. Парот беше виден во јавноста и во мај, во спотот за песната „Stuck With U“, која Гранде ја сними заедно со Џастин Бибер.

Меѓу првите им честиташе Џоан Гранде, мајката на пејачката. „Пресреќна сум да го поздравам Долтон Гомез во нашето семејство – напиша таа на Твитер.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*