РОБИ ВИЛИЈАМС ЌЕ УМРЕЛ ОД ТРУЕЊЕ СО МОРСКА ХРАНА

Англискиот пејач Роби Вилијамс открил за јавноста дека за малку ќе се соочел со смртта поради тоа што во телото внесол многу морска храна.

Пејачот открил дека во еден момент имал толку многу високо ниво на жива во организмот, од кое можел да заврши фатално, пишува Мирор.

Докторите му објасниле на Роби дека премногу уживал во конзумирање на октопод, туна, лигњи кое можело да заврши лошо, бидејќи тие морски плодови биле полни со жива.

До ова откритие Роби дошол на рутински тест на крвта. Резултатите покажале ниво на жива кои можат да се сметаат токсични, а лекарите на пејачот му објасниле дека со тоа себеси се ставил во ризик од заболување на плуќа и рак на кожа.

“Јадев морски плодови двапати на ден и имав најголемо ниво на жива во телото кои лекарите некогаш виделе. Се тестирав на жива бидејќи мојата жена е неуротична по тоа прашање и ги прави сите можни тестови. Во овој случај благодарен сум и неа, бидејќи можев да бидам мртов од жива и арсен“ – рекол Роби.

“На денот кога ми го соопштија ова, се вратив на вегетерјанска исхрана – рекол Роби.

Риби, посебно туна, сабјарка, кралска скуша и остриги, содржат метил жива која во големи количини е опасна. Труењето со жива предизвикува метален вкус во устата, слабост на мускули, чуство на мачнина и општа слабост

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*