Има 8 години, а веќе е номинирана за Греми: Ќерката на Бијонсе го освојува шоубизнисот

Наградата Греми, една од најпрестижните музички признанија на светот, оваа година би можела да заврши и во рацете на Блу Ајви Картер, 8 – годишната ќерка на Џеј Зи и Бијонсе.

Имено, нејзината мајка, супер – ѕвездата е номинирана за своето видео „Brown Skin Girl“, за кое Блу Ајви ги пееше вокалите.

Блу Ајви првобитно се немаше најдено на листата номинирами, но Греми неодамна ја ажурираше својата веб страница, по името на младата пејачка се појави. Покрај неа, нов е и Визкид, кој пее и се појавува во ова видео.

Од друга страна, американскиот рапер Сејнт Џон, кој учествуваше во снимањето на песната, но не и во снимањето на видеото, не е помеѓу номинираните.

Дали ова девојче со себе ќе го однесе златниот грамофон, ќе дознаеме на 31 јануари 2021 година, кога и ќе се одржи доделувањето на Греми наградите.

Оваа година беше многу проблематична за многумина, но многу успешна за Блу Ајви, која со само 8 години започна да заработува пари. Првата плата ја доби како наратор на аудио книгата „Hair Love“, филм кој оваа година доби Оскар за најдобар краток анимиран филм. Приказната се врти околу таткото Афроамериканец кој се обидува на својата ќерка да ѝ помогне за својата бујна коса да ја стилизира за првпат во животот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*