Ариана Гранде и официјално го најави концертниот филм

Набрзо откако ни посочи што ни подготвува, Ариана Гранде и официјално го најави својот концертен филм!

Младата пејачка во соработка со Нетфликс ќе го објави ова остварување кое носи назив по стиховите на песната „R.E.M.“, „Excusi Me, I Love You“.

Како што пишува Дејли Меил, Ариана беше многу зборлеста на Инстаграм, па на обожавателите им објасни што подготвува! „На 21 декември, една година по турнејата, таа ви доаѓа дома“ – започна таа. „Овој филм е љубовно писмо до сите вас, заокружување на сето она што го делевме во изминатите години. Знам дека овој проект опфаќа само дел од турнејата (од 100 – те шоуа и моментите кои ги делевме во претходните шест или седум години), но сакав на сите да ви се заблагодарам што ми дадовте многу повеќе отколку што можев да замислам“.

„Создавањето музика и работата на сето ова е она со што се занимавав и на што се препуштив подолг период. Иако моето срце бара промена на ритамот, сакам уште еднаш да ви покажам колку сум ви благодарна. Јас научив, видов и почувствував многу работи. Ми беше чест да сподела толку многу низ овој филм за кој трејлерот излегува утре.“ Секако, за утре Ариана го смета денешниот ден, но трејлерот се уште го нема во моментот додека ја пишуваме оваа вест.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*