Мараја Кери сними нова божикна песна–Дали ќе успее да го надмине нејзиниот хит?

Нејзиниот хит од 1994 година „All I Want for Christmas Is You” е многу популарен и денес. Речиси не постои личност на планетата која не ја слушнала оваа песна, особено за празничниот период во кој оваа песна буквално „царува“ низ земјата.

Музичката дива Мараја Кери (50) е најпозната по хитот „All I Want for Christmas Is You“ од 1994 година, а сега сними нова божикна песна.

„Oh Santa“ е наречен синглот за кој ги здружи силите со Аријана Гранде и Џенифер Хадсон.

Песната е објавена во склоп на специјалот кој се прикажува на „Apple TV“ – „Mariah Carey’s Magic Christmas Special”, а станува збор за спектакл кој носи спој на песни, танцување и анимации со голема доза на празничниот дух.

Дали и оваа божикна песна на Мараја Кери ќе се пее по 26 години, ќе покаже времето… Со оглед на тоа дека „All I Want for Christmas Is You”, дури во 2019 година се искачи на врвот на Билбордовата Хот 100 листа, пејачката знае дека чекањето се исплати.

„Гледав во елката и чувствував мир. Беше тоа неверојатен момент. Меѓу сите млади музичари мојата песна после толку време успеа да се пробие на првото место. Со години таа песна беше на врвот на многу топ листи, не бев фокусирана на тоа, но моите деца, моите обожаватели, најдобрите луѓе во светот ми го овозможија тоа“, го коментираше Мараја успехот на својата песна во Јутјуб емисијата „No Filter With Naomi”, со Наоми Кемпбел.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*