Никола Николовски и Денис Реџепоски го претставија нивното “Весело оро”

Никола Николовски ( хармоника ) и Денис Реџепоски (кларинет ) го претставија нивното авторско дело со наслов “Весело оро”. Тие деновиве со првото заедничко оро гостуваа на Новогодишното шоу во ИН ТВ.

Младите музичари Никола Николовски и Денис Реџепоски во студиото на ИН Продукција го претставија нивното прво заедничко дело кое е насловено “Весело оро”.

Нивната цел, како што велат во интервјуто за ИН ТВ е да ја развеселат јавноста во овие тешки моменти и да допринесат за нивно убаво расположение.

-Ова е прво наше авторско оро, музиката е моја и на колегата Денис, аранжманот е работен од страна на неговиот брат Мухамед и е снимено во неговото студио. Орото е навистина убаво, весело, разиграно, со цел да ја развеселиме публиката. Соработката со Денис се случи спонтано, ние работиме, си вежбаме и ете така ни дојде идеја да снимиме нешто, да направиме едно оро и да ја изненадиме публиката со нешто ново и поразлично.-истакна Николовски за гледачите на ИН ТВ.

Во “Весело оро” покрај Никола и Денис, вклучени се уште двајца музичари Ристе Трајаноски и нивниот колега Кире.

Николовски за Естрада плус вели дека нивните планови за следниот период се големи надевајќи се дека во скоро време ќе има уште некое ново заедничко дело со Денис.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*