“Дур е жешко, дур е врело” од Цаки Кисми ќе добие и спот

“Дур е жешко, дур е врело” е новата хит песна на Цаки Кисми. Песната беше промовирана во студиото на ИН ТВ, но деновиве за неа ќе биде снимено и официјално видео.

Цаки Кисми со ново изненадување за јавноста. Тој деновиве на Новогодишното шоу на Сателитската ИН Телевизија ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов “Дур е жешко, дур е врело”. Како што открива тој во интервјуто за ИН ТВ, станува збор за доста убава и енергична песна за која што верува дека ќе и се допадне на јавноста.

-Да, ја сработив Аманет и сработив уште една нова песна која што вечерва премиерно ја отпеав за првпат, директно од студио дојдов тука со таа песна, се вика Дур е жешко, дур е врело” . Ете така, значи таа е новата песна која ја отпеав вечерва, во побрз ритам е, се надевам дека ќе помине добро.-открива Цаки, за естрадниот магазин Естрада плус.

2020-та година поради владеењето на корона кризата, помина доста лошо на музичко поле за македонските пејачи и музичари. Со оглед на тоа, Цаки се надева дека барем следната 2021-ва година ќе биде подобра, но откри и дека на почетокот на следната година требаше да оствари Австралиска турнеја која поради коронавирусот е одложена за како што вели, некои подобри времиња.

-Никој ништо не може да планира моментално, меѓутоа се надеваме на добро. Требаше крајот на месец февруари да одиме во Австралија заедно со Сузана Гавазова, но тоа најверојатно ќе се одложи за понатаму. Да сме живи и здрави само, а за другото ќе надополниме се, не е проблем.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Цаки Кисми важи за еден од најпознатите, но и најбараните Македонски фолк пејачи, не само во нашата земја, туку и надвор од неа.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*