Арапскиот милијардер е минато: Ријана првпат во јавноста со познатиот рапер

Американската пејачка Ријана и раперот Асап Роки биле фотографини заедно во Њујорк, со што ги потврдија приказните дека веќе една година се во љубовна врска.

Ријана и Асап биле забележани во ресторанот „Beatrice Inn“ каде вечерале заедно со пријатели, потврдил извор во понеделникот.

Гласините дека се во врска започнаа уште во декември 2019 година кога заедно позираа на црвениот тепих на доделувањето на „Fashion Awards“ во Лондон. Подоцна, заедно ја прославиле и Новата година во Њујорк.

Пејачката во јануари 2020 година ја прекина врската со арапскиот милијардер Хасан Џамил после 3 години врска, а веднаш потоа во февруари започнаа да кружат озборувања дека е флертувала со Асап Роки, веднаш откако раскинала со бизнисменот од Саудиска Арабија.

Асап Роки пред Ријана го поврзуваа со манекенката Кендал Џенер, со која наводно беше во врска помеѓу 2016 и 2017 година, додека Ријана пред него била врска со раперите Крис Браун и Дрејк.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*