Цеца: Имам антитела, но нема шала со короната – постои и ги напаѓа луѓето

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа гостуваше во емисијата „Хит твит“. Една од темите во споменатата емисија е моменталната епидемиолошка состојба во Србија. Во „Хит твит“, Ражнатовиќ изрази сомневања дека коронавирусот „претрпел модификација“.

Водителката Верица Брадиќ ја праша како нејзината индустрија поминува низ сегашната криза затоа што тие не можат да работат поради епидемијата. Пејачката истакна дека луѓето со занимања што имаат врска со сцената едвај преживуваат денес, но и дека сите сме загрозени и дека не смееме да се шегуваме со ситуацијата.

„Ние мора да продолжиме да се штитиме. Направив тест за антитела и ги имам, но нема шала со тоа“, рече Ражнатовиќ и додаде:

„Короната навистина постои и ги напаѓа луѓето, сега се прошири и на младите и на децата. Можеме да видиме дека сите се загрозени “, рече пејачката, која изрази сомневање дека коронавирусот, во меѓувреме, како што наведе таа, „претрпел модификација“.

Цеца исто така ја изрази својата загриженост кога станува збор за мерките за затворање. Имено, таа смета дека затворањето на луѓето во четири ѕида можеби не е паметно, и дека не е сигурна дали луѓето можат повеќе да го издржат тоа психички.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*