ИН ТВ сними Новогодишнo шоу : 2021 година да ја дочекаме со убава македонска песна

Сателитската ИН Телевизија го сними традиционалното Новогодишно музичко шоу кое што ќе се емитува пред и за време на Новогодишните и Божикни празници.

Снимањето се одвиваше на раскошната сцена во студиото на ИН Продукција во Охрид, поделено на два дена, со цел почитување на протоколот за работа во време на пандемија и секако со запазување на мерките за заштита од коронавирус.

Учествуваа бројни познати музички имиња од македонската естрада и тоа : Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд, Анета и група Молика, Дамјан Стојаноски, Цаки Кисми, Сани Гроздановска, Слаѓана Столеска, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Група Чардак, Ирена Спасовска, Благојче Стојановски-Туше, Игор Бежаноски, Игор Андреевски, Ангел Стојкоски, Христијан Стојоски, Заит, Премиум бенд, Група Респекти, Никола Николовски и Денис Реџепоски, а повеќето од пејачите беа придружувани од неколку музичари од Охридскиот регион.

Со оглед на тоа што беа изведени доста убави и познати македонски хитови, веруваме дека ова Новогодишно шоу ќе биде вистинско уживање за гледачите кои празниците ќе ги поминат во топлиот амбиент на нивните домови, секако сето тоа надополнето со убава македонска песна.

Покрај на Австралиската ИН Телевизија, шоуто ќе биде емитувано и на уште 20 регионални телевизии низ целата Македонија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*