Анета Молика и маестро Димитар Митровски со заедничка соработка

Анета Мицевска и маестро Димитар Митровски во студиото на ИН продукција претставија заеднички кавер. Станува збор за песната “Кад уморно срце стане” од Верица Шерифовиќ. 

Хармоникашот Димитар Митровски сними кавер на српска песна со една од најголемите македонски музички ѕвезди, Анета Мицевска од група Молика. Димитар за естрадниот магазин Естрада плус вели дека задоволството да се биде во соработка со Анета е навистина големо, надевајќи се дека овој кавер ќе биде одлично прифатен од публиката.

-Ја контактирав Анета и ја прашав дали сака да снимиме нешто заедничко бидејќи имав голема желба да снимам со најголемата музичка ѕвезда. На мое огромно задоволство, Анета прифати и потоа започнавме да одбираме песни во кои двајцата ќе дојдеме до израз. Се одлучивме за песна од српската пејачка Верица Шерифовиќ. Значи станува збор за кавер за кој се надеваме дека ќе им се допадне на гледачите. Чувството да се соработува со најголемата музичка ѕвезда не се опишува со зборови. Анета е професионалец и мило ми е што успеав да снимам заедно со неа.-изјава Митровски за естрадниот магазин Естрада плус.

Нивната заедничка изведба на песната “Кад уморно срце стане” беше претставена во студиото на ИН Продукција, на снимањето на Новогодишното шоу.

-Следни заеднички проекти секако дека ќе има, ова е само наш почеток од заедничка соработка. Се надеваме дека нашата прва соработка публиката ќе ја поддржи. Моите планови за следниот период се големи. И покрај целата ситуација јас напорно работам на нови авторски композиции. Пред една година го промовирав мојот втор албум, се надевам дека ќе снимам и уште некој видео запис за композициите кои се наоѓаат на вториот албум.-додава Димитар за Естрада плус.

Инаку, Димитар свири на хармоника уште од негова 4-годишна возраст. Тој потекнува од музичко семејство и како што вели, благодарен е на неговите родители кои го насочиле на правилниот пат.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*