Игор Андреевски ви ја најавува “Илина најмила”

Игор Андреевски во соработка со ИН Продукција сними видео запис за најновата песна која е насловена “Илина најмила”. Песната е комплетно дело на Златко Миладиноски.

“Илина најмила” е насловот на новата песна од талентираниот пејач Игор Андреевски. За оваа песна тој деновиве изработи и видео запис, а снимањето се одвиваше во новото студио на ИН Продукција во Охрид. Зад музиката, текстот и аранжманот на оваа песна се потпишува познатиот музичар и композитор Златко Миладиноски.

-Песната се случи спонтано и звучи убаво. Јас сум препознатлив по македонскиот народен стил, таква ќе биде и оваа песна, гледачите и слушателите ќе имаат можност да уживаат во еден брз, жив, ориентален ритам и ќе ја опееме Илина, било тоа да е за гледачите некоја сакана, внука, девојка, мајка итн.-изјави Андреевски во интервјуто за ИН ТВ.

Иако се наоѓаме во лоша состојба поради ширењето на коронавирусот и владеењето на корона кризата во нашата земја, сепак неговото мислење е дека секогаш треба да се твори нова музика и на публиката да и се подарат нови песни.

-Ситуацијата е таква каква што е, но ние музичарите мора да работиме, односно јас како млад, надежен и перспективен пејач се трудам и сакам да работам на нашата македонска музика и понатаму ќе се трудам, било какво време и да е, мора да не има што почесто и почесто. Да работиме и создаваме нови песни за нашите слушатели.-додава тој за Естрада плус.

Игор им ветува на неговите фанови дека во следниот период ќе работи напорно и ќе создава многу музика во иднина без разлика во каков период и во каква ситуација се наоѓа.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*