
Бојан Златановиќ Токан, тапанарот на популарната група „Амадеус бенд“, почина на 45 години од коронавирусот. Тој починал во болница, откако неколку дена бил ставен во вештачка кома и приклучен на респиратор, пишуваат медиумите.
Веста за смртта на тапанарот, прв ја објави пејачот на „Гранд“, Дарко Филиповиќ, кој преку социјалните мрежи се прости од својот пријател и колега.
Од него се простија и членовите на бендот.
“Со голема болка и неизмерна тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 24.11.2020 година, нашиот Бојан Златановиќ Токан не’ напушти прерано. Неизбришливата трага на Токан ќе продолжи да живее преку Амадеус и сите нас, низ сето она што пред сè ни го довери како голем човек, низ ритамот што го вткаа во нашите срца и низ сеќавањата со кои ни ги облагородуваше душите. Амадеус ве сака засекогаш. Му благодариме на целиот персонал на болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“ за несебичната жртва и работата во борбата против оваа злобна болест. Држете се и пазете се!”-се наведува во соопштението на бендот АМАДЕУС.
Leave a Reply