Слушнете ја “Најсилна” од Елена Велевска

Елена Велевска во студиото на ИН Продукција сними свое мини шоу со добро одбрана музика. Велевска ја претстави и најновата песна насловена “Најсилна”.

Фолк дивата Елена Велевска периодов не мирува и постојано работи на нешто ново. Откако поради откажаните настапи, во изминатите месеци можевме да ја видиме како модел на познати брендови за козметика, накит, таа повторно се враќа на она што најмногу го сака, а тоа е музиката.

Велевска во овие тешки мигови за сите нас, успеа да реализира уште еден музички проект со кој што ќе се потруди да ги расположи нејзините фанови и целокупната јавност пред и за Новогодишните празници.

Таа деновиве во студиото на ИН Продукција претстави проект со добро одбрана музика за сечиј вкус, а воедно во ИН ТВ ја промовираше и нејзината најнова песна која носи наслов “Најсилна”.

Музиката за “Најсилна” е дело на Артан Кастрати, текстот го напиша Љупче Василев, а аранжманот е на Никола Кочан. Пратечките вокали ги пее нејзината колешка Анета Мицевска од група Молика.

Со оваа доста емотивна песна Елена настапи на годинешното издание на престижниот фестивал Роса Фест, кој што годинава беше во ново руво, односно поради состојбата со коронавирусот во нашата земја, истиот наместо во преполна сала со публика беше одржан и снимен во студио.

Во продолжение уживајте во “Најсилна” и Елена Велевска !

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*