Александар Талески : Живеам во Прага, но срцето и душата секогаш ми се во Македонија !

“Живеам во Прага, но срцето и душата секогаш ми се во Македонија”. Ова го истакна пејачот Александар Талески кој после 13 години на големо се враќа на музичката сцена со печалбарска песна.

По 13 години на музичката сцена се враќа Александар Талески, познат како вокал на некогашната позната група “Цакум Пакум”, но сега како соло пејач. Иако веќе долги години живее во Прага, едно од најатрактивните места во светот, тој вели дека срцето и душата секогаш му се во неговата родна земја Македонија.

-Јас веќе 10 години живеам во Чешка Република во Прага, но срцето и душата секогаш ми се во Македонија. Планот ми е што побрзо да снимам нови песни, нови видео записи и на голема врата да се вратам повторно како некогаш, се надевам на музичката сцена.-истакна Талески во интервју за ИН ТВ.

-Најчесто во Република Чешка настапував во моите ресторани, затоа што во Чешка не е многу застапена нашата музика, генерално е Балканската музика. Значи претежно таму настапував, некои настапи имав и во Германија, приватни забави, претежно се фокусирав и работев на тие простори таму, но моментално целта ми е да се проширам малку и во Македонија, може некое време да останам, а може и да се вратам, никогаш не се знае.-додава тој за Естрада плус.

Талески на македонската естрада доаѓа со нова песна со печалбарска тематика која носи наслов “Прости ми Мајко”, а ја посветува на сите луѓе кои се иселени од родната земја. Песната си доби и официјално видео кое беше снимено во познатото село Штавица во Прилепскиот крај, а спотот го изработи ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*