Раперот Лил Вејн обвинет за поседување оружје, му се заканува затворска казна од 10 години

FILE - In this June 16, 2018, file photo, Lil Wayne performs on Day 3 of the 2018 Firefly Music Festival at The Woodlands in Dover, Del. Rapper Lil Wayne has been charged with possession of a firearm by a convicted felon, an offense that carries a potential sentence of up to 10 years in prison. Documents filed Tuesday, Nov. 17, 2020, in Miami federal court say the rapper, whose real name is Dwayne Michael Carter Jr., had a gun and ammunition on Dec. 23 of last year despite knowing he had the previous felony. (Photo by Owen Sweeney/Invision/AP, File)

Судот во американската сојузна држава Флорида, покрена обвинение против раперот Лил Вејн за поседување огнено оружје пронајдено минатата година и му се заканува казна затвор од десет години.

Кај пејачот на хитот „Lollipop“ минатата година при претрес на неговиот приватен авион било пронајдено оружје со муниција.

Раперот, чие вистинско име е Двејн Мајкл Картер и пред десет години беше осуден за поседување оружје. Според законите во Америка, на осудените за поседување оружје им е забрането до крајот на животот да поседуваат оружје.

Странските медиуми објавија дека музичарот, кој има куќа во Јужна Флорида, признал дека позлатениот пиштол пронајден во неговиот багаж е во негова сопственост. Пиштолот, наводно, го добил како подарок за Денот на таткото.

За време на претресот, полицијата покрај пиштолот пронашла и неколку видови наркотици како кокаин, екстази и хероин, но и 25.000 американски долари.

Судењето на раперот треба да започне на 11 декември оваа година.

Лил Вејн има освоено пет музички награди „Grammy“, а пред претседателските избори во Америка, тој се се појавуваше во јавноста покрај Доналд Трамп.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*