Анастасија Ражнатовиќ започна нов бизнис

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ започна нов бизнис, откако поради коронавирусот беше принудена да го прекине објавувањето на новите песни и заокружувањето на нејзиниот прв музички албум.

Имено, Анастасија започна да продава заштитни маски со стихови од нејзините големи хитови.

Таа на Инстаграм профилот сподели фотографија на која позира со црна маска на која со бели букви се испишани стиховите од нејзината песна „Ране“.

Анастасија во објавата под фотографијата напиша и дека секој може да ја нарача оваа маска, а дали и на ова поле ќе и тргне како со музиката каде засега ниже само хитови, останува да видиме.

Потоа објави уште една фотографија под која напиша:

-Утре во 11 часот. Едвај чекам да ви претставам нешто на кое што работев во изминатите неколку недели. Ве сакам !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*