Од Селект бенд Битола откриваат : По “Каролина”, ќе следува “Елена”

По “Каролина”, ќе следува “Елена”.-откриваат во интервју за ИН ТВ момците од Селект бенд Битола. По завршувањето на корона кризата тие најавуваат и музички проект со македонски народни песни.

Селект бенд Битола периодов со забрзано темпо работат на нивниот нов материјал. Во периодот на изолација тие подготвиле две карантински песни, кои ќе бидат објавени во најскоро време, но покрај кавери тие деновиве во студиото на ИН Продукција ја претставија првата авторска песна со наслов “Каролина”.

-Имаме сработено две карантински песни македонски народни, во најскоро време треба да излезат и тие. Па се надеваме дека ќе бидат и тие добро изведени и прифатени од јавноста. Станува збор за песните Вино пијам ем ракија и На Струга дуќан да имам.-вели Антонио Жежовски за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што вели Александар Тасевски во интервјуто за ИН ТВ веќе се подготвува уште една авторска песна која повторно ќе биде во соработка со неговиот татко, а како и претходната, така и новата ќе биде наменска, односно ќе биде посветена на сите девојки кои го носат името Елена.

-Во тек е уште една песна, таа би требало да излезе во месец декември. И новата песна ќе биде љубовна, а ќе носи наслов Елена.–открива Александар за Естрада плус.

Откако ќе заврши корона кризата, Селект бенд Битола планираат да снимат и музички проект во живо со добро одбрана македонска музика и песни кои што се најбарани од публиката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*