Никол Шерцингер „уловена“ за време на утринско вежбање

Пејачката и главен вокал на групата Pussycat Dolls, Никол Шерцингер (42) беше фатена од папараците за време на утринско вежбање во парк во Лос Анџелес.

Судејќи според фотографиите, пејачката покажала извонредната флексибилност што ја должи на редовното вежбање.

Никол го привлече вниманието благодарение на нејзината затегната фигура, која дојде до израз во спортската облека која ја носеше.

Дека во врската со рагби ѕвездата Том Еванс (35), кого го запознала на снимањето на серијалот Х Фактор, љубовта цвета докажува и фактот дека парот го поминува секој можен момент заедно, па не се разделуваат ниту за време на вежбање.

Врската беше потврдена на почетокот на оваа година, а Никол ги запозна родителите на Том во Португалија ова лето. Претходно оваа есен, се шпекулираше дека пејачката е бремена, но таа брзо ги демантираше гласините.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*