(ВИДЕО) Погледнете го новиот спот од Дарко Стојаноски

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот од Дарко Стојаноски за песната “Моја Долна Реко”?!

Познатиот фолк пејач Дарко Стојаноски, кој ја негува исклучиво македонската песна деновиве промовираше спот за песна посветена на Реканскиот крај, а која носи наслов “Моја Долна Реко”. Текстот за оваа песна го напиша Драган Матески, музиката овојпат е на Дарко, а аранжманот го направи Љупчо од Студио Анастасија.

-Сега подготвувам уште една нова песна, а се надевам дека за Сонцето од Кутлеш ќе успеам да доснимам уште една строфа и да ја докомплетирам, па ќе снимаме за неа спот. Новата песна Моја Долна Реко ќе ја промовирам заедно со спот, здравје Боже прво да ја снимиме. Музиката за оваа песна ја направив јас, тука се јавувам како автор, текстот е на Драган Матески кој е автор и на Сонцето од Кутлеш, а аранжманот е на Љупчо од Студио Анастасија.-изјави Дарко во неодамнешно интервју за ИН ТВ.

Стојаноски вели дека очекувањата се големи и се надева дека песната ќе биде добро прифатена од народот. Спотот за песната “Моја Долна Реко” е во соработка со ИН Продукција.

Секако дека Дарко тука не запира. Тој во моментов подготвува уште неколку нови песни за кои како што вели ќе бидат изработени и официјални видеа.

Во продолжение погледнете го видеото !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*