Александар Талески подготвува уште една песна

Македонскиот пејач Александар Талески најавува уште една песна за периодот кој следи. Тој вели дека и следната песна ќе биде во соработка со Флори Манев и ИН Продукција.

Александар Талески потекнува од Македонија, но долги години живее и работи во Прага, Чешка. Во текот на претходните години водел и свој бизнис со ланец на ресторани, но сепак ја негувал и музиката, односно остварувал настапи во неговите локали.

Талески се враќа на музичката сцена и со авторска песна со печалбарска тематика која е насловена “Прости ми Мајко”. Но, тука не застанува и веќе за следниот период најавува нова песна која повторно ќе биде во соработка со неговиот колега Флори Манев.

-Најчесто во Република Чешка настапував во моите ресторани, затоа што во Чешка не е многу застапена нашата музика, генерално е Балканската музика. Значи претежно таму настапував, некои настапи имав и во Германија, приватни забави, претежно се фокусирав и работев на тие простори таму, но моментално целта ми е да се проширам малку и во Македонија, може некое време да останам, а може и да се вратам, никогаш не се знае. Планирам секако и нова песна за која што сме моментално во преговори, исто така во соработка со Флори Манев, тимот што победува не се менува. Исто и мојот драг колега Џељо Дестановски кој што не би го заменил од овој момент за никого. Така да, ќе видиме, преостанува да каже самата публика. Тие се главните кои ќе оценат каква е песната и дали ќе биде прифатена.-изјави Талески, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, видеото за песната “Прости ми Мајко” се снимаше на повеќе локации во селото Штавица, а спотот го изработи ИН Продукција.

Александар е презадоволен од соработката со Продукцијата и вели дека нивната заедничка работа ќе продолжи и во иднина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*