Џенифер Лопез според публиката е Икона на годината

Годинешните награди „„E! People’s Choice Awards” поминаа во знакот на поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез.

Имено, таа беше избрана за Икона на годината, а според сценариото изгледаше како да не знае дека е добитник на истата, бидејќи ѝ беше приредено изненадување.

На екранот во салата се појавија актерките и модни икони Никол Кидман и Рене Зелвегер и ѝ испратија видео-порака.

„Ти си вистинска дефиниција за икона. Те познавам одамна и сум те гледала како преминуваш од сила во сила. Ти праќам љубов и со нетрпение очекувам, кога ќе заврши се ова, да те прегрнам“, ѝ порача Кидман.

-Сакам да ги инспирирам сите девојки, на сите возрасти, во сите бои, во целиот свет, да знаат дека можат да направат се’ што ќе посакаат без оглед на тоа од каде доаѓаат. Сакам да знаат дека нивните соништа се ограничени само од нивната имагинација, посветеност и решителност никогаш да не се откажуваат. Ако успеав да допрам до вас или до нив, дури и на најмал можен начин, тогаш тоа е најголемата награда која некогаш ќе ја примам. Ја прифаќам оваа награда со скромност и благодарност и се надевам дека можеме да стоиме заедно обединети, горди и во хармонија“, изјави Лопез, примајќи ја наградата.

За пригодата, Џенифер избра црвена, волуменозна креација на младиот дизајнер Кристијан Сириано, во која изгледаше впечатливо и доминираше на црвениот килим.

Наградата за модна икона пак, ѝ припадна на Трејси Елис Рос, а меѓу наградените се и Елен Помпео, Менди Мур, Џастин Бибер, Софија Вергара, Вил Смит, групата „Бтс“…

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*