На раскошната сцена во ИН ТВ се одржа 22-то издание на “Распеано Рибарче”

Во одлична атмосфера, на раскошната сцена во ИН Телевизија се одржа 22-то издание на Детскиот музички фестивал “Распеано Рибарче 2020”.

Иако годинава фестивалот беше во поразлично издание од вообичаено, без преполни сали и детски џагор, сепак учесниците навистина се забавуваа, играјќи и пеејќи на убава сцена што за момент ги направи да се почувствуваат како вистински музички ѕвезди.

Беа изведени 10 песни во различни стилови: рок, поп, рап, хип-хоп, а се пееше за другарството, фламенкото, за учителката итн, а поради запазување на протоколот учесниците беа снимени во различно време, еден по еден.

“Распеано Рибарче 2020” се емитуваше на Сателитската ИН Телевизија која зрачи во Австралија, Америка, Канада и Европа, а истиот ќе биде дополнително емитуван на 20-тина регионални телевизии низ Македонија.

Љубителите на овој фестивал, истиот можеа да го следат преку стримови во живо, на јутјуб каналот на ИН, а според информациите кои ги добивме од првите лица на Австралиската Телевизија, Охридските Рибарчиња имаа огромна гледаност, што е уште еден показател за успешноста на фестивалот.

Учесниците најмногу му се израдуваа на новиот лик кој го водеше 22-то издание на Распеано Рибарче, популарниот Јутубер Вик Какаротски.

Организатори на фестивалот и овојпат беа Димче Китрозоски, Јовица Каралиевски и Менде Баракоски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*