Лепа Лукиќ ја стави и својата мачка во тестаментот

Внукот на пејачката ќе добие ресторант, два стана, куќа и сите заштеди на Лепа, но само под еден услов, да се грижи за мачката Маза.

-Напишав тестамент во кој наведов дека мојот внук мора да се грижи за мачката, ако јас умрам пред неа. Радослав треба да ја чува Маза, да ја пази и мази и така ќе наследи се што сум стекнала во текот на животот. Тоа се стои во документот кој го чува мојот адвокат“, изјавила Лепа.

Пејачката истакнала дека е многу поврзана за својата мачка, која ја вдомила пред девет години, и дека ја доживува како член од семејството.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*