Мирослав Мирчески го подготвува првиот албум

Мирослав Мирчески го подготвува неговиот прв солистички албум. Тој вели дека отсега секоја нова песна пред јавноста ќе ја промовира со свое видео.

Талентираниот млад пејач Мирослав Мирчески е добро познат на јавноста по тоа што ја негува исклучиво македонската народна песна. Тој зад себе има шест авторски песни, а како што открива за Естрада плус, периодов се комплетираат песните кои ќе се најдат на неговиот прв солистички албум. Мирослав вели дека отсега ќе практикува секоја песна да ја промовира заедно со видео запис.

-Ќе практикувам отсега сите мои нови песни да бидат комплетни значи со аудио и се разбира видео запис. Да се направи една целина, односно целосен проект.

Кога станува збор за албумот не би можел да кажам точно кога би излегол, отприлика би можело да биде за една година. Се надевам со Господ напред ќе собериме материјали и ќе ги комплетираме веќе започнатите проекти, па да ги изненадиме нашите гледачи.-вели Мирослав, за естрадниот магазин.

Инаку, пред само краток период Мирослав ја промовираше неговата најнова песна Сегде си одел синко. Спотот за оваа песна се снимаше во прекрасниот Манастирски комплекс на Св. Недела во Оровник, а во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*