Челик бенд : Седум години на македонската музичка сцена

Седум години на македонската сцена постои Челик бенд. Овие одлични музичари на јавноста се добропознати најмногу по нивните енергични сценски настапи.

Тие важат за едни од најбараните музичари на семејните прослави во нашата земја, но и надвор од неа.

Но, моменталната состојба со пандемијата на коронавирусот, доста лошо влијае врз нив. И овие музичари се во тешка ситуација поради откажаните настапи, исто како и на нивните колеги од македонската естрада. Тие се надеваат дека ова зло ќе заврши што поскоро.

-Челик бенд постои од 2013-та година. Оттогаш па се до денес мислам дека одлично работиме. Во текот на овие години се сменија три членови, што не е по наша вина, сега засега сме презадоволни. Корона кризата направи што направи, се надеваме на подобри времиња, да ја веселиме цела Македонија, да работиме. Супер беше досега, па за понатаму ќе видиме. Познати сме по сценските настапи со тапан кои што ги изведувам јас, со помош на моите колеги, позитивни сме на сцената. Само да го молиме Бога да се среди ситуацијата, народот е желен за добра забава и мислам дека кога ќе почнеме ќе биде феноменално.-вели Ивица Челик, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, во неодамнешно интервју за ИН ТВ од Челик бенд открија дека периодов подготвуваат неколку нови музички проекти, но нивната промоција малку ќе почека за некои подобри времиња.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*