Отруено кученцето на Благица Павловска

Вчера беше отруено домашното милениче на фолк пејачката Благица Павлоска, кученцето Белисима. Благица ова го соопшти преку објава на нејзиниот фејсбук профил.

Благица Павловска со потресна исповед на социјалните мрежи. Таа на својот фесјбук профил напиша објава преку која ја информира јавноста дека нејзиното мало кученце е отруено како што вели од “сериски убиец”.

-На денешниов ден Петковден си замина душата на мојата миленица Белисима. Ја најдов во црква, оставена од сопственици и ја чував од срце во мојот дом… Патувај во царството небесно, ангелу мој… И раката и душата на серискиот убиец на сите мои миленици нека Бог ја осуди АМИН, вака напиша популарната пејачка Благица Павловска свртувајќи го вниманието на нацијата кон овој грозоморен случај откако беше емотивно погодена од труењето на нејзинoто домашно милениче, кученцето Белисима.

Инаку, пејачката е веќе подолго време позната по својата активна улога за заштита на напуштени кучиња и мачиња, па неодамна таа преку весникот “Вечер“ упати моќен апел до сите да им помогнеме на овие беспомошни суштества:
-Тоа е мојата мисија од господ дадена, а така би требало да постапуваме сите ние. Апелирам до граѓаните да им ја подадеме раката на хуманоста на овие беспомошни суштества. Доаѓаат зимата, снегот и студот, а тие се препуштени на улицата, гладни, смрзнати, изгубени, со тажни погледи. Имаат чувства како и ние луѓето. Што е тешко да им се принесе јадење, вода, по некоја покривка.

Точно е дека некогаш напаѓаат, ама само кога се гладни и истоштени, смрзнати, малтретирани, кога во самоодбрана се штитат од агресивни луѓе кои физички се изживуваат над нив. А, постојано сме сведоци каков идиот може да биде човекот кон уличните скитници кучињата и мачињата. Има грозни хорор ситуации кои мора да запрат. Секогаш се вознемирувам кога токму на тоа ќе помислам или видам слика со тоа…..

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*