Марк Ентони има нова девојка

Пејачот Марк Ентони (52) и поранешниот сопруг на Џенифер Лопез повторно е заљубен, а неговото срце го освои манекенката и ријалити sвездата Евелин Лозада (44), која се прослави во шоуто „Кошаркарки“.

Парот е во врска веќе неколку месеци, а поголемиот дел од времето го поминуваат во неговата вила во Мајами, пишува „The Blast“.

Наводно, Ентони е виден со Лозада и нејзините две деца, 27-годишниот Шанес Харисон и шестгодишниот Карл Лео Крафорд.

Нивната романса, всушност, ја открија фановите на Инстаграм, забележувајќи дека и двајцата објавуваат исти фотографии, и дека секогаш се на идентични локации.

Марк Ентони и Евелин Лозада сè уште не ги потврдија, ниту потврдија овие пишувања.

За потсетување, Марк Ентони и Џеј Ло беа во брак седум години, а од таа љубов, тие имаат близнаци, Макс и Ема.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*