Сандра Милковска најавува албум со авторски песни

Сандра Милковска периодов работи на нејзиниот албум. На албумот ќе се најде и нејзината најнова песна “За навек би те одбрала”.

Убавата пејачка Сандра Милковска, во неодамнешното интервју за ИН ТВ открива дека е при крај со подготовките за нејзиниот албум со авторски песни кој ќе го издаде во скоро време.

Како што вели таа поголемиот дел од песните кои ќе се најдат на албумот ќе добијат и официјални видеа.

-За оваа година имав во план да направам цел албум во кој што ќе биде и оваа “За навек би те одбрала”. Веќе се спремни три песни, секако за сите три песни, како и за оваа ќе има видео сигурно во соработка со ИН Продукција.-

Неодамна, Сандра беше дел од Изборот на Летен фолк хит каде што премиерно ја претстави нејзината најнова песна која носи наслов “За навек би те одбрала”. Песната е дело на познатиот пејач и композитор Далибор Даки Ѓошиќ кој повторно успеа да направи одлична композиција, а истата беше одлично прифатена од публиката во Општина Новаци.

-Убаво е, долго време не сме се виделе и немаме пеено. Многу е убаво, за првпат сум овде, задоволна сум бидејќи се е супер. 

Инаку, Милковска е добро позната на јавноста по нејзините настапи во локалите, но и на фамилијарните прослави низ целата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*