Елена Јовческа одбележува 10 години постоење на македонската естрада

Јубилеј од 10 години одбележува познатата фолк пејачка Елена Јовческа. Таа зад себе има бројни авторски песни и музички проекти, а несомнено е една од најбараните пејачки во Македонија, но и надвор од нашата земја.

Една од најпознатите и најбараните фолк пејачки на македонската естрада Елена Јовческа, одбележува 10 години постоење на музичката сцена. Таа се потсети на нејзината прва песна која што е снимена на денешен датум, а е насловена “Атлантида”. Оваа песна беше отскочна даска за Елена во музичките води.

-Мојата прва песна “Атлантида” !!! Многу емоции, среќа, задоволство, страв како ќе продолжам понатаму и еве после 10 години каде сум ! Снимена на еден ваков убав ден и празник 27.10.2010. Ви благодарам на сите што сте со мене овие 10 години. Од срце, Елена. Ве сакам сите !-напиша Јовческа на нејзиниот фејсбук профил.

“Шмизла”, “Ајде Бато”, “Божја убавина”, “Горда Прилепчанка”, “Чорбаџија”, “Крани”, “Само весело”, “Грешна љубов” се само мал дел од нејзините бројни хитовски песни. Покрај авторски песни, Елена има снимено и голем  број преработки на македонски народни и забавни песни, а има и неколку дуети со нејзини колеги од естрадата.

Таа е позната по нејзиниот уникатен вокал, атрактивниот изглед, но и по свирењето на традиционалниот македонски инструмент гајда, по кој што е најпрепознатлива.

Јовческа е доста барана на семејните прослави низ нашата земја, но често настапува и надвор од Македонија. Има остварено турнеи во Австралија, Америка, Канада, низ Европските земји и насекаде каде што ги има нашите Македонци.

Честитки до Елена Јовческа од естрадниот магазин Естрада плус !!!

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*