Слаѓана Столеска : Периодот на изолација го искористив да снимам нова песна

Периодот на изолација Слаѓана Столеска го искористи максимално работно во студио и ја сними нејзината најнова песна која носи наслов “Пуста да е Мајко туѓината”.

Убавата русокоса пејачка Слаѓана Столеска, во неодамнешно интервју за ИН ТВ раскажува за периодот на изолација. Таа вели дека тој период го искористила за убаво да се одмори, да помине повеќе време со семејството, но и да сними нешто ново.

Токму во тој период таа ја подготви нејзината најнова песна насловена “Пуста да е Мајко туѓината”.

-Песната беше претходно договорена и не сакавме во периодот на карантин да седиме и да чекаме, туку баш да го искористиме овој период, да снимиме и да ја пласираме за сите оние кои што се дома да имаат нешто ново да видат. Работевме искрено, корона вирусот верувам дека е страшен, меѓутоа искрено не се плашам. Мора да се работи, мора да се живее, мора работите да се одвиваат по нормален тек. Тој период го поминував дома со моето семејство. Благодет е што живееме покрај езеро, така да успевам да си прошетам и таму. Во секој случај слушам македонска музика, пратам што има ново, се трудам да следам за кога ќе почниме со свирки да може да ги научиме песните и да може да се пеат.-изјави Столеска за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Слаѓана за песната “Пуста да е Мајко туѓината” одлучи да сними и доста модерен спот кој е во соработка со нејзините долгогодишни соработници од ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*