Носталгија бенд одржаа концерт на ИН ТВ во живо од Копер-Словенија

Носталгија бенд од Копер одржаа одличен двочасовен концерт на Сателитската ИН Телевизија. Нивните фанови имаа можност да уживаат со нив и најголемите македонски хитови.

Поради состојбата со коронавирусот која сеуште владее низ светот, поголемиот дел од музичарите не можат да си ги остварат вообичаените настапи. Состојбата е навистина тешка и во Словенија, па членовите на македонскиот бенд Носталгија од Копер одлучија нивните фанови да ги забавуваат лајв, односно преку онлајн концерт кој се емитуваше во живо на Сателитската ИН телевизија, на фејсбук и јутјуб.

Носталгија бенд одржаа двочасовен концерт, а сите оние кои го следеа истиот, имаа можност да уживаат во нивниот широк музички репертоар со добро одбрани македонски хитови.

Инаку, Носталгија бенд важат за едни од најпопуларните и најбараните македонски музичари во Словенија, а често настапуваат и на семејните прослави кај нашите Македонци кои живеат во соседните земји.

На почетокот на месец октомври тие одбележаа 3 години од нивното постоење. Носталгија бенд се состои од четворица искусни музичари и тоа : Петар Јовановски, Мите Витанов, Крсте Василев и Трајче Грнчаров.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*