Цаки Кисми ќе ги изненади фановите со песна во модерен стил

Еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко Цаки Кисми, периодов ќе ги изненади неговите обожаватели со нова песна во помодерен стил.

Цаки Кисми во интервју за ИН ТВ раскажува како го поминал периодот на изолација. Тој вели дека убаво се одморил, но и работел во студио на снимање нови песни. Негова замисла, како што вели Цаки во интервјуто е на секои два месеци да промовира нова песна.

-Првите месец два ми дојдоа одлично и никогаш не сум се чувствувал така убаво, бев со фамилијата нон стоп заедно, а тоа задоволство го немав 20 и нешто години, се одморив убаво. Меѓутоа доста ми е од одморање ми се здосади и тоа, па еве како што кажав снимивме нова песна и се работи на уште песна. Кај и да е, ќе излезе и таа, во побрз ритам е нешто помодерно. Сакам на секои барем два месеци да промовирам по една песна, така нешто планирам па ќе видиме како ќе испадне.-истакна Цаки за естрадниот магазин Естрада плус.

Цаки неодамна настапи на Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци каде што воедно ја промовираше неговата најнова песна со наслов “Аманет”.

-Ова ми е нова песна која што тука за првпат ја промовирав за гледачите на ИН ТВ, ја отпеав првпат и не ни дојдов со помисла за победа, туку едноставно да се дружиме, да ја промовирам песната, да се видам со колегите и да си уживаме.-додава Цаки за Естрада плус.

Инаку, за време на карантинот во нашата земја поради коронавирусот Цаки одржа фолк дуел со неговиот колега Благојче Стојановски Туше кој се пренесуваше во живо на Сателитската ИН Телевизија, а музичкото шоу оствари голема гледаност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*