Дани и Тик Так најавуваат одлична балада

Дани и Тик Так подготвуваат нова песна. Станува збор за доста убава балада која ќе биде насловена “Си дозволив”.

Дани и Тик Так во неодамнешно интервју за ИН ТВ ја најавија нивната нова песна. Како што вели Дани во интервјуто песната овојпат ќе биде балада, а ќе носи наслов “Си дозволив”.

-Ќе кажам дека овој период, карантин, гледање филмови, читање книги, пробав нешто и да напишам. Добив некоја инспирација и мислам дека ова ќе биде една поуспешна балада, во однос на претходните две песни оваа ќе биде балада. Може да откриеме за ИН ТВ дека песната се вика Си дозволив-истакна Дани за Естрада плус.

Дани и Тик Так по втор пат настапија на Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци, овојпат со песната Нула. Дани вели дека овој фестивал беше одлична место за дружба со колегите од музичката естрада со кои поради коронавирусот не беа во можност да се видат неколку месеци.

-Веќе ни беше време да се дружиме, ова е поголем собир во однос на претходните месеци кои беа за жал многу тешки без вакви собири. Но, се надеваме дека се ќе се среди, ова што не снајде со коронавирусот е штета на сите. Така да, ни фалеше ова секако.-додава таа за гледачите на ИН ТВ.

Тие неодамна за Естрада плус најавија и преработка на стара македонска песна која ќе биде вистинско изненадување за нивните фанови и јавноста.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*