Бројни позитивни коментари доби Стојне Николова за “Песна за Колешино”

“Песна за Колешино” на Стојне Николова одлично прифатена од јавноста. Стојне вели дека убави и позитивни коментари сеуште пристигнуваат за песната и спотот. 

Стојне Николова во неодамнешно интервју за ИН ТВ ги раскажа импресиите од снимањето на спотот за песната посветена на Струмичкото село Колешино. Таа вели дека е презадоволна од целиот проект и од коментарите на јавноста кои што ги добила за песната.

-Јас сум презадоволна. Најпрво целиот тој проект е работен со многу љубов, јас потекнувам од Струмица и тоа е едно преубаво село во мојот роден крај. Песната и целиот тој проект испадна супер, имаме убави реакции од фановите и од сите мештани на село Колешино и сите иселеници оттаму.-истакна Стојне.

Стојне за естрадниот магазин Естрада плус открива дека за скоро време ќе следува уште еден голем проект кој што ќе биде во соработка со врвни музичари.

-За во иднина спремам навистина уште подобар проект можам така да кажам слободно. Засега нема да откријам многу деталу бидејќи се работи на тоа, проектот ќе биде во соработка со двајца мои колеги, со едниот од нив веќе сум соработувала, можеби гледачите ќе претпостават за кого се работи, а со групата не сум соработувала и ќе имаме интересна можност во оваа прилика да соработуваме. Ќе биде една песна за која мислам дека сеуште немаме таква во Македонија кога станува збор за текстот, ќе биде наменска, така да очекувајте нешто ново од мене.-додава таа за гледачите на ИН ТВ.

Од оваа атрактивна македонска пејачка секогаш може да очекуваме нешто бомбастично, а веруваме дека и овојпат ќе биде така.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*