Песна во брз ритам најавува Ташко Каранфиловски

Ташко Каранфиловски најавува нова песна во брз ритам, која што ја работи со добропознатиот тим Борче Нечовски и Дејан Момировски. Освен тоа, тој периодов го подготвува и неговиот трет албум.

Пред само краток период, познатиот фолк пејач Ташко Каранфиловски промовираше нова песна заедно со спот кој го изработи ИН Продукција. Станува збор за песната “Сине мој” која е во соработка со виртуозот на хармоника Милан Завков.

Како што открива Каранфиловски за естрадниот магазин Естрада плус, периодов подготвува уште една композиција која ќе биде во брз ритам.

-Снимав уште една песна во соработка со Борче Нечовски и Дејан Момировски. Се надевам дека за кратко ќе излезе, па во понатамошниот период ќе имаат гледачите можност да ја слушнат таа песна, исто така во соработка со ИН ТВ. Се надевам дека ќе биде и таа добра песна, ќе биде во брз ритам онака како што повеќе сакаат нашите гледачи. Веќе подолг период се подготвува таа песна,-вели тој, надевајќи се дека во најскоро време ќе има можност да ја претстави пред јавноста.

Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Ташко го најави и неговиот трет албум за кој што вели дека ќе биде вистинско уживање за неговите фанови.

Да потсетиме, со песната “Сине мој” Ташко ги освои најголемиот број гласови од публиката на Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци, со што ја однесе победата на фестивалот.

Освен тоа, тој беше и еден од победниците во емисијата “Најдобриот на листата”, а воедно и добитник на 400 долари кои во месец јули ги доделуваше Австралиската ИН Телевизија на своите музички соработници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*