Музичарите од Премиум бенд ќе се претстават на Македонски фестивал

Членовите на Премиум бенд во интервју за ИН ТВ најавуваат авторска песна, но и настап на некој од фестивалите кои се одржуваат во нашата земја. Тие се надеваат дека ситуацијата со коронавирусот ќе заврши во најскоро време, па околу Нова Година ќе го одржат нивниот закажан настап надвор од земјава.

Премиум бенд пред само краток период во студиото на ИН Продукција претставија дел од нивниот нов музички проект кој се состои од добро одбрани македонски народни песни.

Тие за следниот период најавуваат и авторска песна, но и настап на некој од нашите престижни Македонски фестивали.

-Па би сакале да се претставиме на некој фестивал, еве на Охридски Трубадури, убаво помина годинава. Валандовскиот Фестивал исто така го цениме, има доста убави фестивали со македонски песни, од каде што навистина добри песни излегуваат, но некако нашите гледачи треба повеќе да ја ценат македонската музика.-истакна Сашо Костовски, за Естрада плус.

 

Инаку, овој бенд кој е составен од шест искусни музичари е доста познат кај јавноста од нивните настапи на семејните прослави низ нашата земја. Доколку се стабилизира состојбата со коронавирусот тие велат дека за Новогодишните празници ќе отпатуваат и надвор од Македонија, каде што имаат веќе закажан настап.

-Ако биде се како што треба, плановите ни се големи. Околу Нова Година планираме да имаме настап надвор од Скопје и Македонија, со тоа што пак би кажал дека 2021 година претежно ни беше да се сконцентрираме на веселбите и свадбите, а понатаму би работеле и на авторските песни, како и промовирањето по медиумите со што би отвориле и настап во странство насекаде каде што би не повикале во секоја држава.-додава тој во интервјуто за ИН ТВ.

Сашо Костовски-тапани, Јовица Роко-клавијатури, Горан Станкоски-хармоника, Ристе Кацијовски-вокален солист, Виктор Китановски-дувачки инструменти и Александар Костовски на ударни интрумент, се музичарите кои го сочинуваат ПРЕМИУМ БЕНД.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*