Ѓоко Јовиќ се потсетува на одличните турнеи во Австралија и Америка

Пред да започне интензивното ширење на пандемијата од коронавирусот низ целиот свет, нашата позната музичка ѕвезда Ѓоко Јовиќ, заедно со неговиот Енерџи бенд остварија две големи и успешни турнеи.

Тие имаа можност повторно да се дружат со нашите Македонци во Австралија, а за првпат и со нашинците во Америка. Јовиќ во неодамнешното интервју за ИН ТВ ги раскажува неговите импресиите од овие две одлични турнеи каде што одржаа бројни концерти во преполни сали. Тој се потсетува на овие турнеи и убавите моменти поминати со нашинците таму.

-Фала му на Бога, сите концерти ги одржавме и беа перфектни, одлична публика, концертите беа полни, добро расположение. Нашиот народ во Австралија не обрнуваше многу внимание на вирусот бидејќи се ептен позитивни, топол крај, не се потенцираше многу коронавирусот. Така да, ние само што се вративме од Австралија мислам дека така беше, веќе утрешниот ден ги затворија сите граници. Уште еднаш ќе речам фала му на Бога што стигнавме дома и карантинските денови ги поминавме со нашите семејства, инаку можеше да не фати нешто пострашно, да останеме во Австралија уште наредните четири месеци.

Си поминавме прекрасно, еве голем поздрав до сите во Австралија, но морам да кажам и да потенцирам дека преубаво поминавме и на прекрасна турнеја и во Америка, еден голем поздрав и до нашинците во Америка. Тоа беше наша прва турнеја во Америка, но навистина многу убаво и многу успешно поминавме.-изјави Јовиќ за гледачите на ИН ТВ.

Периодов Ѓоко и Енерџи бенд, како и останатите македонски музичари беа приморани да ги откажат сите нивни настапи низ Македонија, а како што вели Ѓоко во интервјуто, откажале и доста настапи кои ги имале надвор од нашата земја.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*