Бритни ја доби првата судска битка во намерата да се спаси од „заробеништвото“ на татко и

Бритни Спирс извојува мала победа во борбата да се ослободи од старателството на нејзиниот татко, или „заробеништво“, како што велат нејзините обожаватели кои го започнаа движењето “Слободна Бритни”, бидејќи судот и дозволи да го прошири својот адвокатски тим.

Имено, поп принцезата, која со години има проблеми со менталната стабилност, одлучи да ја ангажира адвокатската канцеларија “Loeb & Loeb” за да го замени нејзиниот татко Џејми во старателството и да и ги довери своите пари на независна компанија.

Тој тврди дека огромните правни трошоци го топат богатството на sвездата проценето на 57 милиони долари и дека се непотребни. Имено, часовната стапка за таа адвокатска канцеларија е 945 американски долари, а бидејќи Спирс веќе не настапува воопшто и изгледа дека не и паѓа на памет да го стори тоа, Џејми изјави дека овој скап ангажман не е во интерес на неговата ќерка.

Како и да е, судот имаше поинакво мислење и овојпат застана на страната на Бритни Спирс и ја призна позицијата на нејзиниот адвокат Самуел Ингам, кој судот и го додели и кој тврди дека тоа е единствениот начин да се слушне гласот на неговиот клиент, барем нешто рамно на нејзиниот татко Џејми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*