Нино Величковски : Колку ќе биде прифатена песната, толку сте и успешни во работата !

“Колку ќе биде прифатена песната-толку сте и успешни во работата.”-ова го истакна познатиот пејач Нино Величковски во неодамнешно интервју за ИН ТВ. Нино неодамна оствари уште еден фестивалски настап, овојпат на Тумба Фест во неговиот роден град.

Легендарниот македонски пејач Нино Величковски неодамна настапи на Кумановскиот Фестивал на шегобијна песна Тумба Фест со песната “Мераклија”. Тој се надева дека и оваа песна ќе биде прифатена од народот, исто како и неговите претходни песни.

-Песната се вика Мераклија на Кумановски дијалект. Јас впрочем далечната 88-ма година настапив на Валандовскиот Фестивал со култната моја песна Бабино девојче и тоа остана хит, се обнароди и живеам за тоа да биде прифатена песната. Онолку колку што ќе ви ја прифатат песната, толку сте и успешни во работата.-изјави Величковски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој досега има остварено вкупно седум настапи на Тумба Фест, а во интервјуто за ИН ТВ, Величковски истакна дека е презадоволен од огранизацијата на Фестивалот надевајќи се дека истиот ќе остане како една убава традиција и уште долги години ќе опстојува.

-Еве за Тумба Фест бидејќи работам во Општината како директор на Фондација за култура и спорт го поддржавме фестивалот, тој ќе си има свој живот. Осми по ред од кој шестти мој настап и еден со Октет значи само една година немам настапено. Тука ми беа култните песни Стар беќар, Зет домазет, Батко Ѓорѓија, оваа прекрасна Мераклија која чинам дека веќе ќе биде хит. Благодарност до моите соработници Цане Петров, како и Слаѓана за текстот и на луѓето кои што го прават фестивалот. Навистина за ова треба да се има и кондиција и финансиска поддршка за да се направи, сепак ова е фестивал кој треба да продолжи и да има поддршка и од Министерство за култура и од Градот со нормално и некои други содржини кои му требаат, но мислам дека ќе расте од година во година ќе биде се подобар и подобар и со подобра понуда.-додава познатиот пејач во интервјуто.

Нино вели дека неговата работа продолжува и во следниот период, додавајќи дека и покрај тешката ситуација во нашата земја поради коронавирусот мора да се создаваат нови песни бидејќи според него музиката е лек за се.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*