(ВИДЕО) Тажна приказна во песната “Сирак” од Садан Муслиоски

“Сирак” е насловот на првенчето на талентираниот музичар и пејач, Садан Муслиоски. Со оглед на тоа што е негова прва песна, тој одлучи да ја промовира со спот кој го изработи ИН Продукција.

Садан Муслиоски ја објави неговата прва песна, заедно со спот. Станува збор за доста емотивна песна насловена “Сирак”, која раскажува една тажна приказна за момче кое уште од мали нозе било оставено од својата мајка.

Музиката на “Сирак” е од позната турска песна, а текстот за македонската верзија го напиша Џула Муслиоска.

Видеото се снимаше на повеќе локации во Охридскиот регион, но и во Струшкото село Лабуништа од каде што и потекнува Садан. Спотот го изработи ИН Продукција.

Во продолжение слушнете ја песната и погледнете го спотот !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*