Сите ги знаеме неговите хитови, а малку знаат дека Мирослав Илиќ студирал во Скопје

Легендата за народната музика, Мирослав Илиќ, е еден од најбараните пејачи во чии песни уживаат луѓе од сите генерации, а малкумина знаат дека тој е еден од најобразованите на естрадата и дека има диплома на еден од најтешките факултети.

Мирослав завршил средно училиште во Чачак, а по завршувањето на средното образование го продолжил своето образование во Скопје.

Мирослав студирал на Електротехничкиот факултет, но сепак, повеќе го привлекувала музичката сцена и со својот прв сингл веќе постигнал регионален успех.

Неговата „Дјевојка из града“, која ја издаде во 1972 година, сè уште се пее, а последниот албум беше објавен пред шест години. Иако нема снимено нови песни, тој сепак е многу баран на сите забави, а неговите песни се неопходни.

На пример на венчавката на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, првиот танц беше придружуван од една од песните на Илиќ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*