Мирослав Мирчески се надева дека новите песни ќе му го отворат патот кон дијаспората

Зад себе има шест авторски песни, а веќе го подготвува и албумот кој ќе биде во аудио и двд издание. Мирослав Мирчески се надева дека за скоро ќе му се отвори патот и кон дијаспората.

Мирослав Мирчески е млад и талентиран пејач, познат по тоа што ја негува исклучиво македонската народна песна. Тој постојано работи на унапредување на неговата музичка кариера, а се надева дека новите песни, освен во Македонија, ќе му го отворат патот и кон дијаспората.

-Сум имал понуди, но со оглед на околностите, факултет, учење, разни ангажмани веќе договорени, не сум имал таква прилика да организирам нешто посериозно, но се надевам дека за брзо време ете и со нов производ, нови песни, нови видео записи веќе ќе се осветли тој пат кон дијаспората.-вели Мирослав за естрадниот магазин Естрада плус.

Мирчески во неодамнешно интервју за ИН ТВ истакна дека бил доста креативен и во периодот на изолација, па токму во тие месеци ја објави неговата нова песна “Сегде си одел синко”, за која што сними и спот во соработка со ИН Продукција.

-Во каранин ја спремив песната Сегде си одел синко, направив своја замисла за спотот како треба да изгледа и решив таа песна да ја снимам веќе да ја пуштам во етер. Имам и други песни за кои сеуште збирам материјали, музика, текст, повеќето песни ќе бидат во препознатливиот традиционален македонски стил, западно Македонски односно Кичевски мелос, но нема да биде на одмет ако снимам некоја Македонска поп песна, позабавна така за да смениме малку стил нешто помодерно за помладата популација. Отсега ќе практикувам сите мои нови песни да имаат и свое видео со што ќе станат комплетни пред јавноста.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Мирослав веќе го подготвува и неговиот самостоен албум, за кој веќе се изработени шест песни, а планира да издаде аудио, но и двд издание.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*