Група Чардак го поддржуваат снимањето на кавери и најавуваат нов проект

Од Група Чардак во интервју за ИН ТВ велат дека го поддржуваат снимањето на кавери. Иако имаат бројни проекти, тие велат дека во следниот период ќе  ја изненадат јавноста со уште еден одличен музички проект.

Познатата Охридска група Чардак зад себе има голем број песни, но и бројни видео проекти со убави македонски народни песни кои се вистинско уживање за целата јавност. Во неодамнешно интервју за ИН ТВ од група Чардак велат дека го поддржуваат снимањето на кавери на подзаборавени, но и на нови песни, со цел истите да оживеат и да станат големи хитови.

-За жал на некои наши колеги кои веќе гласно говорат за тоа дека не е веќе добро да се снимаат кавери на наши песни, јас сепак мислам дека доста голем дел од нив станаа естрадни ѕвезди во Македонија со народни песни, а нема ништо лошо во тоа и самите се согласуваат со тоа дека не само стари туку и понови песни, станаа големи хитови. Тоа е мислам голема предност за нас и мислам дека ќе го направиме тоа. Било кој какво мислење ќе има, тоа си е негова работа.-истакна Златко Јолакоски, за Естрада плус.

Тие велат дека ќе продолжат да работат и понатаму, како со настапи, така и со творење нови песни, но во моментов се приморани да стагнираат се додека не се стабилизира состојбата со коронавирусот.

-За следни планови нормално е дека ќе работиме, дали со ист или со помал интензитет, но сепак треба да видиме со какво темпо ќе се одвива оваа болест и дали ќе заврши за да можеме нормално да почнеме да работиме за да можеме нормално да планираме други нови работи бидејќи сега моментално основните продукти, а не планирање на понатамошна работа за што знаеме дека е инвестиција. Голема инвестиција, но најпрво здравје па понатаму и други планови.-додава Јолакоски за гледачите на ИН ТВ.

Пред само краток период Група Чардак во студиото на ИН Продукција промовираа две песни, нивната авторска “Најбогат ќе бев” и уште една со наслов “Гости канила Славја кралица”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*