„Секси сењорита“ е во врска со синот на познат фудбалер?

Пејачката Милица Павловиќ откако е на естрадната сцена досега јавно не покажа момче, но изгледа дека на пејачката конечно и се насмевна среќата на љубовното поле, па покрај себе има партнер.

Наводно, Павловиќ веќе три месеци ужива во љубовна врска со Николас Савељиќ, синот на познатиот фудбалер Ниша Савељиќ.

Според неофицијални информации, тие неодамна започнале врска.

Пејачката не сака многу да зборува за својот приватен живот, па така и беше овојпат кога ги прокоментира гласините дека има момче.

„Николас и јас имаме заеднички пријатели. Точно е дека се познаваме и дека се сретнавме на неколку наши заеднички прослави. Тој е добро момче, убаво воспитан и тоа е се што ќе кажам за приказните за наводната врска“, изјави Милица.

Николас Савељиќ е роден во Франција. Љубовта кон спортот ја наследил од неговата мајка која се занимавала со пливање, додека неговиот татко бил успешен фудбалер.

Тој моментално е во САД, каде студира на признат колеџ „UCLA“ а исто така игра ватерполо.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*