Садан Муслиоски сними спот за неговото првенче “Сирак”

Садан Муслиоски е доста искусен музичар кој што ја негува македонската песна. Тој пред само неколку денови сними спот за неговата прва песна насловена “Сирак”, кој е во соработка со ИН Продукција.

Талентираниот музичар и пејач Садан Муслиоски деновиве сними спот за неговото првенче кое носи наслов “Сирак”. Музиката е позајмена од позната турска песна, текстот за “Сирак” го напиша неговата мајка Џула Муслиоска, додека аранжманот е направен во студиото на Садан во Лабуништа.

-Станува збор за дете оставено од мајката уште од мали нозе, дете кое низ годините само се борело за да опстои во животот. Спотот го снимавме во Охридскиот регион и во Струшкото село Лабуништа. Во видеото се појавуваат и двајца статисти кои се потрудија одлично да ја доловат приказната на песната.-истакна Муслиоски за естрадниот магазин Естрада плус.

Со оглед на тоа што “Сирак” е негова прва песна, Садан се надева дека ќе и се допадне на јавноста, но сепак како што вели во интервјуто, крајниот збор ќе остави да го каже публиката откако ќе ја слушне песната.

-Ќе бидам скромен, јас очекувам публиката да одлучи. Не сакам да дадам големи очекувања затоа што ми е прва песна и не знам како ќе биде прифатена од публиката.-додава тој во интервјуто за ИН ТВ.

Спотот за песната “Сирак” го работи ИН Продукција, а истиот ќе биде премиерно прикажан деновиве на Сателитската ИН Телевизија.

Покрај оваа песна, Садан открива дека во моментов во неговото студио се подготвуваат уште неколку песни, од кои ќе има и авторски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*