Ѓоко Јовиќ на “онлајн” дружење со неговите фанови од Регионот

Ѓоко Јовиќ несомнено важи за еден од најпознатите и најбараните пејачи, не само во Македонија, туку и насекаде каде што ги има нашите Македонци. Ѓоко е доста баран и од неговите фанови на Балканот, а доказ за тоа е неодамнешната “онлајн” дружба со неговите фанови на јавниот чат на Фолк Клуб Тв на јутјуб каналот.

 

Неодамна, од бројните гледачи на Фолк Клуб ТВ и познатиот “chat” на кој што присуствуваат голем број следбеници најчесто од регионот, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина беше побарана “онлајн” дружба со Јовиќ, а нивната желба за кратко се исполни. Ѓоко се приклучи на нивните разговори и имаше интересно “онлајн” дружење со неговите фанови кои ја обожаваат неговата музика.

Јовиќ во ексклузивно интервју за Сателитската ИН Телевизија ги сподели импресиите од дружбата со фановите на Фолк Клуб ТВ.

-Ова е интересно убаво прашање. Па вака, има на јутјуб една убава програма на Фолк Клуб ТВ каде што пуштаат доста мои песни и сплетови со бендот, така да навистина е интересно. Еве и јас неколкупати бев на тој chat, има интересни коментари, интересна публика. Дневно како што ме известија од Фолк Клуб ТВ влегуваат над 10 000 луѓе, така да, тоа е интересно и таму може да не најдат. Јас на моменти се уклучувам, мислам дека сето тоа е ок, навистина убаво и еве сите кои што сакаат можат таму да ги слушаат песните и да ги гледаат спотовите, се пушта убава компилација на песни, убави сплетови, така да Благодарам до Фолк Клуб ТВ.-изјави Јовиќ за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, како што открива во интервјуто, Ѓоко и Енерџи бенд во моментов работат на познатата македонска песна “Море сокол пие” која веќе е снимена во студио, но сеуште размислуваат околу новите идеи кои ќе ги вметнат во официјалното видео кое ќе биде снимено за оваа песна во најскоро време.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*